Албанија забрани увоз свинско месо од Македонија –
На неопределено време гласи забраната на Албанија за увоз на свињи, месо и нивни производи од македонска територија.
Оваа оддлука ја донело албанското Министерство за земјоделство и рурален развој јавуваат албанските медиуми. Според објавата, причината за новата забрана е во тоа што во земјава се откриени случаи на заразено свинско месо со болеста „африканска чума“.
Сепак, според одлуката на албанските власти доколку со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз.
Во петокот од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека во Кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи.
Во одгледувалиште во село Тромеѓа во лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите“, се вели во нивното соопштение.
Од АХВ велат дека на фармата со 600 животни од различни категории, угинати се 60 свињи и биле спроведени мерки за депопулација.
Во саботата на 6 јануари настанал инцидент на атарот на селото Речица кај Куманово, затоа што жителите не дозволуваа да поминат камионите на Агенцијата со угинатите свињи при што се судрија со полицијата, по што беа приведени четири лица.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK