Ширден — македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп.
Жално е поради скапотијата се поретко луѓето си дозволуваат да јадат ваков специјалитет дома а камоли и во некој ресторан. Ретко кој ресторан надвор од Прилеп го спрема овој специјалитет.
Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето.
Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden, што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите.
За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот.
Традиционално се користат 3 вида месо (јагнешко, телешко и свинско), ориз и разни зачини.
Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.
Прво треба многу убаво да се исчистат јагнешките ширдени и да станат проѕирни. Малку е мачно чистењето но вреди да се помачите заради овој специјалитет.
На загреано масло прво се пржи ситно сечкан кромид, па се додаваат трите вида месо сечкани на ситни парчиња.
Динстајте се додека не испари течноста во садот. Се зачинува со сите зачини (црн пипер, буковец, јенибар, сув зачин), се додава оризот и на крајот магдоносот.
Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените. На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки.
Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријат, се додава еден исечкан домат и се ставаат во рерна да се печат околу 2 часа.
За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат.
По желба може да се додаде и сува лута пиперка.
Пред крај се додаваат исчистените компири да се запечат.
Ширден жално е што ретко од младиве во Македонија знаат за ова јадење.
Ширден е само за правите гурмани.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK