Протест на пчеларите во Атина – Со сандаци за чување пчели, со средства за производство на мед, со камиони и други возила, пчелари од цела Грција, денеска пристигнаа во Атина и одржаа протест пред грчкиот Парламент за да ги истакнат нивните барања.
Од Федерацијата на пчеларските здруженија од Грција најавија дека на протестот симболично ќе учествуваат и 20 пчеларски камиони, а нивните барања и проблеми што се однесуваат на зголемените трошоци за производство и увезениот мед што се продава како домашен ќе ги достават до Парламентот и Министерствата за земјоделство и транспорт.
Пчеларите во Грција имале 3 најголеми проблеми кои што бараат влдата да им ги реши.
Првиот проблем е увозот во Грција на странски мед од трети земји со сомнителен квалитет, што во Грција се продава како грчки,
Вториот е зголемениот трошок за производство, што е особено висок и ја прави нашата професија тешка и тешко одржлива и третиот проблем се климатските промени и намаленото производство поради климатските промени.
После протестот на пчеларите беше закажан протест и на студентите.
Кога студентите пристигнаа пред Парламентот беа поздравени од пчеларите кои од рано утрово протестираа за да ги истакнат нивните проблеми, односно зголемените трошоци за производство и против увезениот мед што се продава како домашен.
Студентите ги поздравија со слогани дека заедно со земјоделците и пчеларите се обединети во еден глас.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK