Халуциногени печурки во Македонија – Во Република Македонија до сега се регистрирани 16 вида на халциногени печурки или габи. Овие видови спаѓаат на родовите:
Amanita muscaria
Claviceps purpurea
Elaphomyces granulatus
Elaphomyces reticulatus
Gymnopilus spectabilis
Mycena pura
Panaeolus papilionaceus
Panaeolus semiovatus
Pluteus salicinus
Psilocybe coprophylla
Psilocybe bullacea
Psilocybe montana
Psilocybe muscorum
Psilocybe physaloides
Psilocybe subcoprophyla
Stropharia coronilla
Халуциногени печурки во Македонија – Најчестите од овие видови се:
Mycena pura
и Amanita muscaria.
Претставниците на други родови како Psilocybe, Panaeolus, Gymnopilus и Elaphomyces се многу ретки.
Овие габи растат во различни листопадни и четинарски шуми, на ливади, на почви богати со органска материја, на животниски измет и др.
Како резултат на присуството на одредени халуциногени материи, тие предизвикуваат три различни синдроми: ерготизам, псилоцин-псилоцибински и
мускарински синдром. Халуциногените материи во овие габи се ерготот, псилоцинот, псилоцибинот, беоцистинот, нор-беоцистинот, мускаринот, мусцимолот, мусказонот и иботенската киселина.
Истражувањата се изведени на различни локации во Република Македонија, како што се планините: Осогово, Козуф, Китка, Водно, Јакупица, Шар Планина, Огразден, националните паркови: Пелистер, Маврово и Галичица, и областа на градовите и селата: Крушево, Ресен, Катланово, Скопје и Гевгелија.
Халуциногените печурки содржат псилобицин, широко распространета и ефтина дрога. Се почесто луѓе ги јадат халуциногени печурки по шумите, а во текот на другите годишни времиња, прават супа или чај од печурките или ги сушат.
Во зависност од методот на подготвување, такви печурки предизвикуваат ефект по 20 до 45 минути, а „хај“ состојбата трае 4-9 часа. Вообичаена доза е три печурки.
Првата фаза на дејствието на печурките е многу пријатна возбуда и веселост, при што корисникот чувствува подобрување на подвижноста и физичката сила. Во текот на втората фаза, луѓето може да халуцинираат: слушаат гласови и гледаат духови, се околу нив им изгледа многу чудно. Сепак, луѓето сеуште реагираат нормално и може да одговараат на прашања. Во третата фаза, луѓето губат контакт со реалноста, многу се движат наоколу, а говорот им е некохерентен. Потоа, тие обично тонат во длабок сон.
Ефектот на халуциногените печурки е сличен на Ел-ес-ди (LSD). Неколку вида габи и печурки се халуциногени.
Историски, скандинавците често користеле такви печурки. На пример, воините наречени берсерк ги користеле со цел да станат неконтролирано разјарени. Исто така, шаманите во Сибир пиеле пијалаци врз база на печурките за да паднат во транс.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK