Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро ВестиДраматичен пад на земјоделското производство лани

    Драматичен пад на земјоделското производство лани

    petel baner

    Драматичен пад на земјоделското производство лани – Драматично влошување на состојбата во земјоделството, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска, а се однесуваат на засеаните површини и на растителното и добиточно производство.

    Статистика регистрира 514.375 хектари обработлива површина што е намалување за о,5% во однос на 2022 година. Намалување е забележано и кај површини според тоа за што се користат. Така под овоштарници површините се намалени за 2,5 %, а кај лозјата за 4,6 %.

    И во однос на засеаните површини под растителни култури е забележано намалување и тоа кај сите почнувајќи од житата, индустриски и фуражни култури, како и кај градинарски култури.

    Освен што има намалување на површините под овошни култури и полјоделски култури има намалување и на производството, па така кај јаболката намалувањето е за 51,2 %, крушите за 41,2 %,сливите за 46,1 % и праските за 50 %.

    Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 %, доматите за 23%, краставиците за 34,3 % и крмната пченка за 31,7 %, а кај тутунот е забележано намалување на производството од 8,7%.
    Единствено зголемување на производството има кај оризот од 5,4 % и кај пиперките од 4,1 %.

    Според податоците на Државниот завод за статистика лани во однос на 2022 година е намалено производството на млеко и месо.

    Кравјо млеко во 2023 година се произведени 238. 328 илјади литри што е помалку од 2022 година за 26,5%. Намалување од 20,5% има и кај производството на овчо млеко, а зголемување од 3,3 % е забележано кај козјото млеко.

    Agrobot

    Лани е намалено и производството на сите видови на месо и тоа за 7,4 %.

    Од другите добиточни производи, во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во текот на изминатата година, како и години наназад земјоделците и сточарите алармираат дека поради високите трошоци и ниските откупните цени на производството голем дел од нив се откажуваат од производството, а се помал дел од младите се одлучуваат да работат нешто во земјоделството. Бројките кои денеска ги објави статистика го покажуваат токму овој тренд. Намалено е растителното и добиточното производство, а се намалени и обработиливите површини.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img