Тавче гравче

Prokredit baner

Тавче гравче – Во петок е најпрепорачливо да се јаде посно тавче гравче бидејќи викендот можете подискретно да се издувате :-). Замислете да треба на работа да одите и работите како шофер во градски автобус 🙂

Гравчето е присутно често на македонската трпеза, а едно од најпознатите традиционални македонски рецепти е Тавче гравче.

Семенарна хоризонтален банер

А овој пат за љубителите на овој специјалитет го споделуваме рецептот за подготовка на Тавче гравче на тетовски начин.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Потребни намирници:

Тигар лого гиф
  • 450 гр. грав
  • една поголема главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • мешан зачин
  • сол
  • црн пипер
  • црвен пипер
  • суво нане
  • масло за јадење
    Начин на подготовка:

Најпрво го миеме гравот, обавезно оставете го преку ноќ да отстои во вода и дури утредента го ставаме да се вари на оган во поголемо количество на вода. Гравот се вари малку подолго ако е стар и од овие увозниве и откако ќе се свари го тргнуваме тенџерето настрана и во тавче ставаме масло за јадење да се загрее.

Кромидот и лукчето ги сечкаме на ситни коцки, или доколку имате сецко исечете ги во него. И ставете ги да се пропржат во загреаното масло, откако ќе се пропржат додаваме 2 големи лажици црвен пипер. смесата од тавата ја додаваме во свареното гравче и убаво промешуваме и го зачинуваме, една- две лажици мешан зачин или сол и црн пипер. А на самиот крај додадете и малку суво нане – овој зачин на целото гравче ќе му даде посебен шмек.

Petel.mk

ОБАВЕЗНО СЕ СТАВА ЉУТА ВЕЗЕНА ПИПЕРКА 🙂

Зачинетото гравче ставете го во плех и во рерна на печење. Откако ќе се искрчка Тавче гравчето сервирајте го по ваша желба и салатиче по ваш вкус и уживајте! Бон апетит!

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img