Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаПредноста на малите парцели

    Предноста на малите парцели

    petel baner

    Предноста на малите парцели – Разновидното производство во мали стопанства помогна, и продолжува да помага, за зачувување на природата во која живееме и работиме сите, и производителите и потрошувачите.

    Индустријализацијата е често придружена со монокултура, голема употреба на пестициди, одвојување на растителното и сточарското производство.

    Otkup na kompiri

    На малите парцели индивидуалните земјоделци често се трудат да произведат производи со помала употреба на хемиски средства и со тоа добиваат и поквалитетни производи.

    Предноста на нашите фарми е фактот што повеќето култури се диверзифицирани. Тоа значи дека во секое земјоделско стопанство се сеат најмалку три различни растителни култури, не е застапено монокултурно производство и се врши плодоред, односно се почитува плодоредот.

    Во Македонија имаме значителен дел од земјиштето како дел од земјоделското стопанство кое секоја година останува незасеано.

    Исто така, со закон, обработливото земјиште е јасно заштитено од масовна урбанизација и градење на индисутриски објекти на земјоделско земјиште иако ова во последно време не се почитува (деловни објекти – соларни панели и слично).

    Дека малите стопанства можат да бидат наша предност, а не недостаток, покажува и фактот што дел од земјоделски успешните европски земји имаат и мала просечна големина на имотот.

    Така, во Италија имотот е во просек помалку од 5 хектари, како и во Грција, на повеќе од 60 отсто од фармите или во Шпанија на речиси половина од вкупните фарми.

    Решението може да биде во зајакнувањето на преработувачките капацитети засновани на автентични и квалитетни, пред се здрави производи кои се карактеристични за малите стопанства.

    А за да се опорави земјиштето, потребно е седум проценти од земјиштето во рамките на земјоделското стопанство да биде оставено, незасеано или искористено за формирање на заштитни зелени појаси – диви растенија и цветови или евентуално пошумување.

    agrounik

    Иако преовладува мислењето дека нема успешно земјоделие без огромни парцели не треба да го занемариме фактот дека на малите парцели се произведува поквалитетни и поздрави земјоделски производи.

    Исто така на биодиверзитетот е многу позаштитен кога имаме мали парцели за разлика кога на огромни површини се одгледува монокултрни растенија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Предноста на малите парцели

    Македонија има одлични предуслови да произведува здрава храна и квалитетни земјоделски производи кои на пазарот сигурно ќе достигнуваат повисоки цени.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img