Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

23.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро ВестиУвоз на храна во Македонија

    Увоз на храна во Македонија

    petel baner

    Увоз на храна во Македонија. Што ќе ни е земјоделство во Македонија кога си имаме увозници и трговци кои што си се сложни и си ја знаат работата. Ова се резултатите од успешната аграрна политика и политиката за рурален развој.

    Минатата година Македонија потроши речиси 1 милијарда евра за увоз на храна, што покажува зголемување од 88% во последните 10 години.

    Проблемот со зголемениот увоз на храна и намаленото домашно производство во Македонија стана важно прашање за локалната економија.

    Минатата година земјава потроши речиси 1 милијарда евра за увоз на храна, што покажува зголемување од 88% во последните 10 години.

    Потоа следеше големо намалување на обработливото земјиште и на бројот на фармски животни.

    Локалните земјоделци бараат мерки за запирање на овој тренд, вклучително и гарантирани цени за нивните производи.

    Некои земјоделци изјавуваат дека постигнале успех со склучување на вакви договори, давајќи им мотив повеќе да садат и да го зголемат своето производство.

    Во наредните години експертите предупредуваат дека производството на храна во Македонија значително ќе опадне бидејќи не постојат млади земјоделци кои што ќе ги преземат нивите и ќе продолжат да произведуваат.

    Ситуацијата во сточарството е уште по алармантна и крави овци и живина можно е да гледаме само во зоолошка градина или на паметните телефони на јутуб.

    А околу работната сила која што е потребна во земјоделието не сакаме ниту да спомнеме.

    Дури и земјоделците кои што имаат поголеми површини и посериозен производствен обем на земјоделски производи го намалуваат производството бидејќи нема кој да работи иако дневниците се движат од 2500 до 3000 денари дневница за 8 часовен работен ден + храна.

    Селата се празни и млад човек неможеш да најдеш во нив а тие малкумина што останале чекаат некои документи за да избегаат што побрзо.

    Тоа е таа успешна аграрна политика што се спроведува повеќе децении во Македонија.

    Agrobot

    Само 20 проценти од храната и суровините во преработувачката индустрија се произведуваат дома, а за 80 отсто сме увозно – зависни.

    Една од причините зашто Македонија е закотвена на дното во регионот по раст на БДП и според проекциите на ММФ и според светска банка е тоа што премногу се потпираме на увозот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Увоз на храна во Македонија.

    Бизнисот алармира дека државата од извозник стана увозно зависна држава

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img