Раствор од Јод – Јодот е антисептик со широк спектар кој делува против голем број бактерии, габи и други „напаѓачи“ кои предизвикуваат инфективни и воспалителни процеси кај луѓето. Меѓутоа, дали знаевте дека јодот може да се користи за спас на вашата градина од растителни болести?
Искусните градинари долго време го користат јодот за успешно лекување на габични заболувања на растенијата.
ПЛАМЕНИЦА
За да ја спречите пламеницата кај доматите, треба да го направите следново решение: измешајте 9 литри вода со 1 литар свежа сурутка и додајте уште 2 мл фармацевтски јод (концентрација од 5%) во таа течност.
По 12 до 14 дена од пресадување на растението во почвата, испрскајте го со овој раствор и продолжете со редовно прскање на секои 10 до 12 дена.
Доколку ги забележите првите лезии на растенијата, веднаш отстранете ги од грмушката на домат, а остатокот испрскајте го со овој раствор на јод и повторете го прскањето на секои 5 дена. Подмолната пламеница би требало да се повлече.
ПЕПЕЛНИЦА
Растворот базиран на јод обично ја сузбива пепелницата, која може поспоро да го „јаде“ растението, но не и побезо-пасно. Краставиците, тиквичките и тиквите се најчесто погодени од пепелницата.
Ако ги забележите првите знаци на оваа болест, започнете да ги третирате културите со раствор (9 литри вода, 1 литар сурутка, 1 мл јод), повторувајќи ја постапката на секои 5-7 дена. Ако бидете упорни, може целосно да се ослободите од оваа болести.
Искусните градинари ќе ви кажат дека билките кои сте ги третирале со раствор од јод, подолго траат. Дури и доколку нема знаци од пепелница, прскајте ги краставиците со овој раствор на секои 10 до 12 дена.
Ако другиот зеленчук или садници, украсни дрвја и сл. се „оштетени“ од пепелницата, третирајте ги со раствор на јод и тоа, растворете 5 мл јод во голема кофа со вода.
Гниење на краставицата
Направете раствор од 10 литри вода и 1 мл медицински јод, а потоа со него третирајте го коренот на краставицата и спречете гниење што е неизбежно за време на врелиот и дождлив период. Секоја грмушка од краставица прелијте ја со литар од овој раствор.
Можете да ги третирате и тиквичките со истиот раствор, но можете да додадете дури 5 мл јод на 10 литри вода.
Зелка
Зелката сака јод. За да ја одржувате зелката здрава, залевајте ја со раствор од 10 литри вода во која сте додале 2 мл јод. Залевајте го секое растение со 1 литар од овој раствор. Ќе забележите како „главата“ на зелката расте како „од вода”.
Јагоди
Јагодите ќе ги заштитите од сиво гниење така што 5 до 7 дена пред цветањето на јагодите ќе ги испрскате и ќе ја залиете земјата околу нив раствор од 10 литри вода и 1 мл јод. Пред цветањето залејте ги дури двапати со овој раствор, па ќе забележите дека тие нема да заболат од ниедна болест.
Јаболка
Јаболката може да ги заштитите и од гниење ако ги испрскате со раствор на јод (10 литри вода и 10 мл јод). Листот и овошјето се прскаат 10 дена пред бербата.
Грозје
Заштитете го грозјето од гниење правејќи раствор од 10 литри вода и 8 мл јод и обилно прскајќи ги со тоа лисјата и овошјето. Не користете го овој раствор 10 дена пред берење.
За дезинфекција на кое било семе, потребна ви е само една капка фармацевтски јод разреден во 1 литар дестилирана вода. Натопете газа или памучна крпа во овој раствор и добро исцедете го, завиткајте го семето во него и оставете го да стои од 6 до 8 часа. После тоа, исушете го семето на собна температура, па просејте го.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK