домаАгро ВестиДебарската полиција спречи нелегален риболов

Дебарската полиција спречи нелегален риболов

Prokredit baner

Дебарската полиција спречи нелегален риболов на Дебарското езеро и заплени 400 метри мрежи со кои што несовесни граѓани планирале да ловат риба и тоа во време на мрест.

Мрежите биле пуштени во близина на езерскиот брег во атарот на Центар Жупа. Ова навистина е за секаква осуда, зашто ваквите примери ќе ги избркаат и тие малку спортски риболовци кои ловат во тој дел на езерото. Несовесноста е уште поголема кога се знае дека во тек е забрана за риболов на крап и клен, поради мрестот на овој вид риба, која трае до 15 јуни.

Семенарна хоризонтален банер

Бени Халити претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“ ја поздравува акцијата на полицијата, со која, вели имаат одлична соработка, во насока на заштита на рибниот фонд на езерото, кое за жал веќе неколку години е без концесионер.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Од спортското риболовно друштво Трофта апелираат до сите граѓани и реакреативни риболовци на поголема совесност и во случај да забележан незаконски активности во водите на езерото веднаш да се јават во друштвото или во полиција. Само така ќе можеме д го заштитиме ова нашето бегатство“, посочува Халити.

Тигар лого гиф

Акцијата е реализирана од Одделението за внатрешни работи во Дебар, мрежите се откриени кај местото каде има изградено неколку летниковци, дека не се затекнати лица и оти се работи на расветлување на случајот.

Секоја чест за Дебарската полиција и за Риболовното друштво Трофта од Дебар.

Petel.mk

Поздрав и до сите совесни граѓани кои што пријавуваат вакви случаи во полиција.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img