Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

35.8 C
Skopje
Wednesday, June 19, 2024

More

    Калинка

    petel baner

    Калинка – Потекло и распространетост. Се смета дека потекнува од стара Персија. Денес најмногу се одгледува во Тунис, Турција, Египет, Шпанија, Мароко, Иран, Кина, Калифорнија, Русија.

    Во Македонија најмногу ја има во Валандово, Гевгелија, Дојран…

    КАЛИНКА – како овошје е со исклучително хранливи и лековити својства и содржи: шеќери, лимонска и борна киселина, пектини, витамини, јод, железо и други корисни состојки.

    Познати се диеталните и лековити својства, против слабокрвност, артериосклероза, настинка, грип и подобрување на имунолошкиот систем на организмот на човекот.

    Плодовите од Калинка кои и досега се произведуваат без употреба на пестициди и минерални ѓубрива преставуваат исклучително ЗДРАВА ХРАНА богата со природни хранливи и лековити својства.

    Ареал на распространетост: Климатско почвените услови во валандовско (должина на вегетацијата 240 дена, средно годишната температура >14,8С, годишна температурна сума >5.200 С, типот на почвите и др.), овозможуваат успешно одгледување на калинката, која со векови наназад е застапена на ова подрачје.

    Опис на овошката: Листопадно овошје, грмушка или мало стебло, висина до 5 метри. Има особина да од основата развива многу изданки. Листот е издолжен, кожест. Цветот е црвен, многу атрактивен. Плодот е округлест малку сплеснат со маса од 300-800 грама. Кората на плодот е цврста, со боја од зеленкаста до црвена во повеќе нијанси зависно од сортата. Внатрешноста на плодот е поделен со тенки прегради на сегменти со многу сочни зрна со крупна семка.

    agrounik

    Размножување и подигање насади: Лесно се размножува со ожилување на зрели резници долги 30-40 см. Најмногу и одговара плодна и растресита почва, заштитено од ветрови. Не поднесува тешки и кисели почви. Растојание на садење е 5 х 5 или 5 х 4 м. Многу поволно реагира на ѓубрење со прегорено арско ѓубре, ретко со минерални ѓубрива. Во текот на вегетацијата неопходно е често поливање поради плитката коренова маса.

    Во фазата на мирување секоја година се врши резидба со редовно отстранување на сувите делови. Формирањето на родната форма трае 3-4 години. Родните папки се на врвовите од тенките гранчиња потерани од претходната година, а со тек на времето родот се пренесува на надворешните гранчиња и со време доаѓа до изродување и потребно е со резидбата родот да се пренесува на оставените младари избиени близу основата на крошната. Калинката малку раѓа во внатрешноста или плодовите се понеквалитетни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сорти: Најчесто се поделени во три групи според содржината на киселини и шеќери: слатки, слатко-кисели и кисели. Зреењето зависно од сортата е од прва декада на октомври до трета декада на октомври. Бербата е во 2-3 наврати. Во Валандовското подрачје се застапени повеќе сорти како: бејнарија, карамустафа, лифанка, зумнарија и други.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img