Болести кај доматите – Бактериозна краставост – Xanthomonas campestris pv. vesicatoria
Култура: ДОМАТИ
Опис на болеста: Овој патоген ги напаѓа сите надземни делови на доматот.
Во растението бактеријата навлегува преку стомините отвори, а кај плодовите преку различни рани.
Главно во посевите се разнесува преку дождовните капки, кои претставуваат услов за помасовна зараза.
На листовите се појавуваат влажни или маслени дамки кои се зголемуваат и стануваат кафеави.
Дамките се зголемуваат и спојуваат, а заболеното место се крши и опаѓа.
Листовите стануваат кожести, пожолтуваат, некрозираат и умираат. Плодовите можат да бидат нападнати од нивното заметнување до бербата.
Прво се појавуваат меури, кои пукаат и настануваат красти. Исто така има промени и во внатрешниот дел, тие нерамномерно созреваат, ткивото им е меко и семките поцрнети.
Најинтензивен развој има на температура од 30C, а се инактивира на 56 C. Влажното и топло време се поволни за развој.
Патогенот се пренесува главно преку семе и заразен расад. Заштита од овој патоген е употреба на здраво семе за производство на расад, уништување на растителните остатоци.
Болести кај доматите – Бактериозна краставост – Препарати:
CHAMP FORMULA 2FL, FUNGURAN-OH 50 WP
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK