Мојот роден крај
Со гордост кажувам дека сум од село
наше село, село весело,
од извор чиста вода блика
најубавото село Соколарци се вика.
Целото наше плодно оризово поле
наликува сега на море,
зелен ќилим тоа свило
на сите нас ни е мило.
Селаните сложни црквата ја градат не се жалат сè од себе дават.
Дај боже да има
венчавки, крштевки, слави
веселби, свадби во село да се прави.
Чист воздух, природа чиста полни гради, глава бистра
убаво е на село знаат сите во мир, спокој и здравје ни минуваат
дните.
Мојот роден крај
Ученик: Делфина Ѓоргиева
Ментор: Лимонка Стојкова
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK