Овче поле има вода за наводнување. Надминат е проблемот со водата за наводнување во атарите на општините Свети Николе и Лозово.
Земјоделците од селата Црнилиште во Општина Свети Николе и Милино во Општина Лозово велат дека вода имаат во каналот за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“, а според нив водата пристигнува во вистински момент за лозовите насади, а очекуваат помали приноси на пченката.
Вода има во каналот, но тешко пристигнува, бидејќи не е исчистен од треви и ѓубре. На терен е механизација на Водостопанство „Брегалница“ за да се чисти каналот.
Главен проблем е сепак каналот, кој е стар и на одредени места водата се губи, понира и потребна е да се реконструира.
Од Водостопанство „Брегалница“ денеска велат дека решен е проблемот со испораката на водата за земјоделските површини во општините Свети Николе и Лозово. Водата низ каналот е пуштена пред три дена.
Овче поле има вода за наводнување.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK