домаАгро советиUnimax – Ги активира N и P за подобар почеток на житните...

Unimax – Ги активира N и P за подобар почеток на житните култури

Prokredit baner

Unimax – Ги активира N и P за подобар почеток на житните култури.
Unimax е иновативно сертифицирано зрнесто микробиолошко ѓубриво од Агроуник, дизајнирано да ја оптимизира исхраната на растенијата и употребата на минерални ѓубрива и да придонесе за поодржливо земјоделско производство.

Ова ѓубриво е особено ефикасно кога се користи при подготовка на почвата пред сеидба, бидејќи не само што ја подобрува структурата на почвата, туку и значително ја зголемува плодноста и приносот на културите.

Семенарна хоризонтален банер

Како делува Unimax ?

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Unimax е составен од природен зеолит – Клиноптилолит на кој е нанесена бактеријата Bacillus megaterium. Бактеријата Bacillus megaterium игра клучна улога во минерализацијата на органските соединенија на азот и фосфор, што им овозможува на растенијата полесно да ги апсорбираат овие есенцијални елементи.

Ова ја оптимизира исхраната на растенијата од органските резерви на азот и фосфор во почвата.

Предности од примена на Unimax

Оптимизирање на употребата на минерални ѓубрива – Растенијата добиваат есенцијални елементи директно од почвата, намалувајќи ги трошоците и потребата за дополнителна исхрана со минерални ѓубрива.
Ја подобрува структурата на почвата – Зеолитот во Unimax останува во почвата, подобрувајќи ја неговата структура и механичките фракции.

Ова е особено важно за задржување на влагата и одржување на оптимален режим на вода-воздух, што придонесува за подобра отпорност на растенијата во сушните периоди.
Го намалува ризикот од испирање на азот.

Unimax го инхибира процесот на нитрификација, намалувајќи ја загубата на азот и други хранливи материи, а со тоа придонесува за зачувување на квалитетот на почвата и усогласеност со европските еколошки стандарди.

Како се користи Unimax?

Гранулите со големина од 2,5-5 mm се аплицираат со помош на ѓубре растурач во количина од 150-200 kg/ha при основно предсеидбено ѓубрење. Може да се меша со НПК ѓубрива.

Unimax е идеален избор за земјоделски производители кои се стремат кон помали трошоци, повисоки приноси и поодржливо производство. Неговата употреба не само што придонесува за подобра исхрана на растенијата, туку и ја подобрува самата плодност на почвата.

Побарајте го Unimax во земјоделските аптеки и обезбедете оптимални услови за вашиот род оваа сезона.

За консултации со нашиот стручен тим од агрономи, кликнете овде.

Тигар лого гиф

дипл. Антонио Карамитров
Мобилен: +38978271471

дипл. Дејан МИХАЈЛОВСКИ
Мобилен: +389075416080

Petel.mk

Тимот на Агроуник ви стои на располагање.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img