Бодување за избор (рангирање) – бодување мерка 7
Извадено од Упатство за корисници за мерка – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.Со цел да се осигури дека инвестицијата ги исполнува целите на мерката за прифатливите проекти ќе се доделуваат бодови според следните приоритети:
Приоритет ќе се даде на проекти поврзани со заштита на животната средина:
• Инвестиции за производство на енергија од обновливи извори (20 бодови) или
• Инвестиции кои вклучуваат прифатливи трошоци за производство на енергија од обновливи извори за потребите на корисникот (15 бодови)
ПОД-ЗБИР БОДОВИ: најмногу 20 бодови Приоритет ќе се даде на проекти поврзани со создавање на работни места:
• Проекти за промовирање самовработување и/или вработување на членовите на семејното земјоделско стопанство (10 бодови) или
• Проекти за промовирање работни места во руралните средини (5 бодови)
ПОД-ЗБИР БОДОВИ: најмногу 10 бодови Приоритет ќе се даде на проекти кои се спроведуваат во руралните подрачја:
• Доколку инвестицијата е лоцирана во општините со рурални центри (30 бодови)
• Доколку инвестицијата е лоцирана во рурални средини кои припаѓаат на плански регион кој има индекс на развој помеѓу 60 – 80 (10 бодови) ИЛИ
• Доколку инвестицијата е лоцирана во рурални средини кои припаѓаат на плански регион кој има индекс на развој помеѓу 81 – 100 (5 бодови). Упатство за корисници за мерка – Диверзификација на фарми и развој на бизниси 22
ПОД-ЗБИР БОДОВИ: најмногу 40 бодови
Приоритет ќе се даде на барателите:
• Физички лица кои претставуваат семејно земјоделско стопанство (20 бодови) ИЛИ
• Задруга регистрирана во Централен регистар (15 бодови) ИЛИ
• Правното лице е здружено правно лице кое спроведува колективна инвестиција (10 бодови)
• Микро и мали претпријатија со седиште во село (10 бодови)
• Физичкити лица кои имаат најмалку 18, а помалку од 40 години на денот кога барањето за поддршка е поднесено или жени (или претставник на правното лице) (10 бодови)
ПОД-ЗБИР БОДОВИ: најмногу 30 бодови
ВКУПНО БОДОВИ: 100 бодови
Бодувањето ќе се користи за избор на проекти преку рангирање, во случаи кога бараниот износ за финансиска поддршка во пристигнатите барања го надминува финансискиот буџет кој е алоциран за оваа мерка.
Проект со 0 поени може да се одобри во случај кога бараниот износ за финансиска поддршка е понизок од достапниот буџет за финансирање на оваа мерка и се исполнети условите за прифатливост.
Рурален центар претставува општина која е со седиште во село.
Не би требало да постои Земјоделец кој во својот именик го нема бројот 070239234 на Зоран Коцев бидејќи луѓето како него навистина можат многу да им помогнат на Земјоделците полесно и посигурно да ги остварат своите планови за развој.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK