Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
Со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27 од 11.02.2026 година, за секторот се обезбедени вкупно 6.061.345.000 денари
Средствата се распределени преку 12 мерки кои опфаќаат основна и дополнителна поддршка на доходот, директни плаќања по единица производ, поддршка за влезни елементи, сточарство, гориво, осигурување, заштита на почва и исплата на заостанати обврски.
Распределба на средствата по мерки
Според Програмата, распределбата е следна:
- Основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства – 770.000.000 денари
- Дополнителна поддршка на доходот – 100.000.000 денари
- Директни плаќања по единица производ – 2.000.000.000 денари
- Поддршка за влезни елементи во производството – 5.000.000 денари
- Поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз (род 2026) – 1.000.000 денари
- Директни плаќања за мали земјоделски стопанства – 1.000.000 денари
- Помош во премии и осигурување – 1.000.000 денари
- Помош во сточарскиот сектор – 15.000.000 денари
- Помош за заштита на земјоделско земјиште – 1.000.000 денари
- Поддршка за трошоци за гориво за земјоделска механизација – 520.000.000 денари
- Материјални трошоци за спроведување на програмата – 22.000.000 денари
- Исплата на заостанати обврски од 2020–2025 година – 2.625.345.000 денари
Основна поддршка – површини, добиток и пчеларство
Во рамки на Мерка 1 (770 милиони денари), предвидени се директни плаќања за:
- обработливи површини за поледелски култури
- лозови и овошни насади
- градинарски култури (отворено, пластеници и контролирани услови)
- зелено ѓубрење и угар
- ливади
- женски грла говеда (6–18 и 18–180 месеци)
- овци и кози постари од 12 месеци
- маторици
- регистрирани презимени пчелни семејства
Дополнителна поддршка
Во рамки на 100 милиони денари се предвидува:
- поддршка за подрачја со ограничени можности (ПОМ)
- поддршка за одредени категории носители на стопанства
- дополнителни средства за зголемен број грла во основно стадо
- дополнителна поддршка за пчелни семејства во селекција
- поддршка за лабораториска анализа на мед
Директни плаќања по единица производ – 2 милијарди денари
Средствата од оваа мерка се наменети за:
- договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун (реколта 2025)
- овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитети
- семенски материјал (пченица, јачмен, ориз, тритикале, добиточен грашок)
- семенски материјал за тутун
- произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
- говеда, гоеници, бројлери и несилки предадени во регистрирани кланични капацитети
- еднодневни пилиња
- сертифициран посадочен материјал за домат
(Точните износи по килограм, литар, грло или хектар се утврдуваат со посебна Уредба.)
Конкретни износи и проценти по мерки
Мали земјоделски стопанства
- право имаат стопанства со одобрена поддршка до 30.000 денари
- добиваат дополнителни 10% од одобрената поддршка
Осигурување
- максимална поддршка до 150.000 денари по стопанство
Анализа на почва
- покривање 80% од трошоците (без ДДВ)
- максимум 12.000 денари по стопанство
Гориво за механизација
- поддршка од 100% од трошоците за дизел
- максимум 100.000 денари по стопанство
🔹 Сточарство – матични книги и генетски испитувања
- 80 денари по впишано грло (без ДДВ)
- 4.000 денари по грло говедо
- 1.400 денари по грло овца или коза
- 1.000 денари по грло свиња/хибридна свиња
Рокови
- Пченица и јачмен (складирање) – до 30 септември 2026
- Ориз – до 25 декември 2026
- Осигурување – до 31 август 2026
- Сточарска помош – до 31 октомври 2026
- Анализа на почва – до 14 јули 2026
- Исплатите ќе се реализираат најдоцна до 30 јуни 2027 година
Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

















