Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБожиќна ѕвезда – празничен украс во домовите

    Божиќна ѕвезда – празничен украс во домовите

    petel baner

    Божиќна ѕвезда е собно растение и прекрасен украс за ентериерот во домот во текот на новогодишните и божиќните празници.

    Божиќна ѕвезда е специфична е по тоа што цвета баш во периодот околу Божиќ. Поради тоа е популарна во целиот свет.

    Совршена е за подарок за своите најблиски роднини и пријатели, а со своите прекрасни цветови ќе го разубави секој простор за време на Божиќните празници.

    Otkup na kompiri

    Она што ние го нарекуваме цветови, всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението или лажни цветови, кои можат да бидат во најразлични бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем.

    Вистинските цветови се многу мали и неприметни и имаат зелена или жолта боја, а се во форма на бобици.

    Растението кое ќе го купите треба да има темно зелени лисја. Растение со оштетени лисја покажува дека се работи за несоодветно негувана билка. Бирајте растение со здрави лисја („цветови“).

    Проверете дали билката е квалитетно заштитена, бидејќи при изложување на ниски температури надвор од продавница, може да предизвика оштетување на цветовите и лисјата. Во домот, оставете ја десетина минути, па дури тогаш треба да ја одмотате.

    Божиќната ѕвезда се поставува во близина на прозор или на некое друго осветлено место.

    Особено треба да посветите внимание растението да не биде во допир со ладното прозорско стакло. Таа е тропска билка и бара оптимална температура за одгледување околу 25°С.

    agrounik

    Високите температури и кратки температурни разлики ќе го скратат животниот век на ова растение. Така да избегнувајте нејзино изложување на топлината од радијаторите, клима уредите, вентилацијата, како и места каде често се отвара прозор или врата. Ноќната температура во просторијата во која се одгледува треба да биде околу 12-15°С за да се продолжи периодот на цветање.

    Влажноста на почвата треба да ја проверувате секој ден и залевајте ја само тогаш кога земјата е потполно сува.

    Залевајте ја на тој начин што водата ќе достигне до подлогата на саксијата. Ако ја залевате премногу, долните листови ќе почнат да жолтеат и венат, а пак при недостаток на вода почнуваат да паѓат. Затоа, набавете течно минерално ѓубриво и додавајте го еднаш месечно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    При крајот на зимата и почетокот на пролетта, растението ќе заврши со своето цветање и ќе почне да паѓа. Тогаш треба да ги скратите сите гранки на околу 10-15 см висина, а растението да го преместите на постудено место.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img