Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Макало со праз и компири

    Рецепт: Макало со праз и компири

    petel baner

    Во пресрет на бадниковата вечер подгответе го ова вкусно посно макало.

    Традиционално македонско макало со компири и праз кое се поготвува лесно и е многу вкусно и како мезе и како прилог.

    Состојки:

    agrounik
    Otkup na kompiri

    500 г праз
    500 г варени лупени компири
    5-6 варени суви пиперки
    магдонос
    3 чешниња лук
    масло и сол по вкус

    Подготовка:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Празот ситно го сечкаме, го посолуваме и го толчиме. Варените суви пиперки ги чистиме од семки и лушпа и во друг сад ги толчиме со лукот. Во трет сад ги гмечиме компирите, и ги соединуваме со празот и пиперките. Посолуваме и непрекинато мешајќи додаваме топло масло по желба, односно колку што ќе впие компирот. На крајот го додаваме исецканиот магдонос и го промешуваме макалото. На здравје!

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img