Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиОбјавен јавниот повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

    Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

    petel baner

    Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри.

    Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на вино.

    Otkup na kompiri

    Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и се регистрирани како производители на вино во Регистарот на производители на вино при Министерството, со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно.

    Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ. поддршката е наменета за трошоци за набавка на опрема за производство на вино (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% од висината на вкупната поддршка и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (енолог) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

    Барањето за грант заедно со останатите документи дефинирани во повикот, треба се доставуваат во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. Барањето, деловниот план и изјавата за двојно финансирање, за неповратната финансиска поддршка од Програмата се во прилог на повикот и може да се обезбедат преку веб страната на министерството: www.mzsv.gov.mk.

    Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиска поддршка и им биле доделени средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.

    agrounik

    Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно заклучно со 01. април 2023 година. 

    Да потсетиме дека минатата година вкупно 59 мали винарии ја искористија оваа мерка и добија грант до 10.000 евра, поддршка со која го модернизираа и развија своето производство. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Повеќе Информации за потребни документи, условите  кои треба да се исполнат, постапката и начинот на избор може да се обезбедат од веб страната на МЗШВ на следниов линк : https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2901

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img