Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЛековити својства на листот од смоква

    Лековити својства на листот од смоква

    petel baner

    Лисјата од смоква се богати со антиоксиданти и растителни влакна. Меѓу другото, тие содржат витамини А, Б1 и Б2 и минералите калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

    Иако овошјето не се препорачува за дијабетичари поради високото ниво на шеќер, листот од смоква е многу здрав и корисен за оваа група на луѓе, бидејќи помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Добрата вест е дека со конзумирање чај, можете дури и да спречите дијабетес, бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин. Листовите од смоква особено се препорачуваат при заболувања на уринарниот и дигестивниот тракт. Нивната ушптреба помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, со што се обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови. Иако одредено ниво на триглицериди е потребно за добро здравје, вишокот на триглицериди во организмот значително го зголемува ризикот од дебелина и срцеви заболувања. Затоа тука е листот од смоква што помага при нивно намалување и регулирање.

    Otkup na kompiri

    Предности на листовите од смоква:

    Го регулира нивото на шеќер во крвта, помага при слабеење, го стабилизира крвниот притисок, ги намалува триглицеридите, ги зајакнува коските, помага при кожни болести, помага при анемија, ги ублажува тегобите при чир на желудникот, спречува запек, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови, помага при афти и др.
    Можете да ги користите листовите на зелени и црни смокви, тие се подеднакво лековити.

    Покрај тоа што ќе направите чај од нив, можете и да ги џвакате листовите, што е одлично за чир на желудник.

    Сушење на листовите

    Кон крајот на пролетта, летото или есента, извадете здрави и цели листови од смоква од дрвото и наредете ги на површина на која што ќе ги исушите. Сушете ги во сенка. Дека листовите се суви, ќе знаете кога ќе видите дека се свиткале и се ронат под прстите кога ќе ги стиснете. За да ги исушите побрзо, можете и да ги исечете малку пред да ги исушите. Кога ќе се исушат, изронете ги и чувајте ги во тегла со капак.

    Чај од смоквин лист

    За здравствени потреби, чајот од лист од смоква се препорачува да се пие околу еден месец секој ден, а потоа да се паузира неколку недели, така што повторното конзумирање има подеднакво силен ефект на лекување.

    Помага при дијабетес

    Две лажички суви листови од смоква прелијте ги со чаша (200 мл) врела вода. Покријте и оставете да отстои 10-15 минути. Потоа процедете. Пијте една чаша од овој чај со појадок секое утро.

    agrounik

    Помага при чир на желудник и афти во усната шуплина

    Секој ден добро изџвакајте два листа од смоква и проголтајте ги. Покрај тоа што помага при чиреви, тоа ќе ви го освежи здивот и ќе ги ублажи непријатните афти во устата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Помага при бронхитис

    Сварете 3 листа од смоква во вода со малку кафеав шеќер и пијте.

    Покрај дијабетес, чиреви, рани и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, за намалување на крвниот притисок и како помагало во лекувањето на крцином и анемија.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img