Тоа е одличен развој на овој планински регион во Македонија.
Наместо да се белеат стада овци по пасиштата сега нека има ветерници кои што ќе произведуваат електрична енергија.
Планирано е на почетокот на оваа 2021 година да се постават мерни единици со кои што ќе се мери дали овој локалитет има потенцијал т.е економска исплатливост за изградба на овие ветерни електрани.
Првата од мерните станици ќе биде поставена во местото викано Биљино а втората во Осоговието.
Доколку мерењата се во ред планирано е изградба на 66 ветерници со помош на инвеститор од Германија.
Го поздравуваме овој потег на општината Крива Паланка бидејќи се еколошки и нудат економски развој на овој регион.
Доста ги развиваме градовите ајде сега повеќе и попаметно да ги развиеме руралните средини.