Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНов вид пченица со повисоки приноси и повеќе протеини

    Нов вид пченица со повисоки приноси и повеќе протеини

    petel baner

    Научниците од Универзитетот во Аделаида и британскиот центар Џон Инес идентификувале генетски двигател кој ги подобрува својствата на приносот на пченица.

    Ова откритие може да доведе до зголемување на содржината на протеини во новиот вид пченица до 25 проценти.

    „Малку се знае за механизмот кој стои зад активирањето на приносот и содржината на протеини во производството на пченица“, вели водачот на истражувањето, д-р Скот Боден. Тој наведува дека откритието има потенцијал да помогне да се создадат нови сорти кои даваат зрно со повисок квалитет.

    Otkup na kompiri

    Пченицата сочинува 20 проценти од протеините што се консумираат во светот. А резултатот од ова истражување може да помогне да се создадат сорти со подобрени нутритивни и економски вредности.

    „Генетската варијација што ја идентификувавме обезбедува зголемување на содржината на протеини од 15 до 25 проценти за растенијата што се одгледуваат на терен“, изјави д-р Боден. Тој додаде дека зголемувањето на родот со дополнителни, спарени класови се уште не е откриено. Но се надеваат дека тоа би можело да се случи со елитните сорти.

    agrounik

    Подобро за производителите, подобро за потрошувачите

    Паралелно со зголемувањето на содржината на протеини, не доаѓа до намалување на приносот. Така што ова откритие има уште подобар потенцијал да обезбеди економски придобивки за одгледувачите. Но и за потрошувачите поради неговата повисока хранлива вредност.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Новите, подобрени сорти пченица се очекува да бидат достапни за две до три години.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img