Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСе очекуваат добри приноси на житните култури во штипско-карбинскиот регион

    Се очекуваат добри приноси на житните култури во штипско-карбинскиот регион

    petel baner

    За разлика од лани, производителите на житни култури во штипско-карбинскиот регион, годинава очекуваат побогат род на пченица.

    Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и индивидуален земјоделец вели дека земјоделците годинава очекуваат да соберат од еден хектар околу четири тони пченица, а лани просекот беше два тони. Забележува дека временските прилики во моментов им одат во прилог за подобри приноси.

    -Но, за цената ќе видеме каква ќе биде ситуацијата. Во моментов цената на пченицата е малку падната. Ние очекуваме ако продолжи вака да помогне Министерството за земјоделство околу цената, исто така некои од земјоделците и сточарите сакаат да биде забранет извозот на пченица, а пак производителите на пченица сакаат обратно, да има извоз на пченица, вели Сарафимов.

    Otkup na kompiri

    Прашан која би била реалната цена на пченицата, Сарафимов вели дека не треба да биде под 20 денари за килограм.

    -Сега е падната цената на пченицата на 14-15 денари. Меѓутоа тоа е ниска цена, се останато се зголеми, репроматеријали, ѓубрива, нафтата се качи. Есента кога ја сеевме пченицата, цената на нафтата беше 110 денари, рече Сарафимов.

    Смета дека годинава жетвата на житните култури ќе почне навреме, но забележува дека се појавуваат некои болести кај пченицата.

    agrounik

    -Есента имавме некои болести околу пченицата и тоа не е добро, бидејќи се користат разни пестициди и сега во овој период мораме да ја прскаме, бидејќи веќе е голема. Тоа не добро, вели Сарафимов.

    Тој истакна дека земјоделците подолго време бараат и имаат иницијатива да им се дозволи контролирано палење на стрништата, по жетвата на житните култури. Идејата им е стрништата да се палат под надзор.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    -Ова го бараме бидејќи сега имаме повеќе штета од болести, отколку претходно кога се палеа стрништата, додаде Сарафимов за МИА.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img