Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека неговата влада нема да го укине ембаргото за увоз на украинско жито во петок, како што беше планирано, бидејќи, како што рече, тоа ќе им наштети на полските земјоделци.
– Полска нема да дозволи да биде преплавена со украинско жито – напиша Моравјецки на платформата Х.
Моравјецки истакна дека Полска, без оглед на одлуките на Брисел, нема да ги отвори границите за украинското жито, пренесе АП.
Полска, Унгарија и Словачка, во договор со ЕУ, воведоа ембарго за увоз на украински земјоделски производи од април до 15 септември за да спречат презаситеност на нивните пазари и да не претрпат штета нивните земјоделци.
За ова прашање треба да расправа и Европскиот парламент
Еврокомесарот за земјоделство Јанус Војчеховски рече дека прави напори за продолжување на ембаргото.
Војќеховски е поранешен полски министер за земјоделство.
Полска ја поддржува Украина со испраќање воена и хуманитарна помош, но по протестите на фармерите беше категорична во забраната за увоз на украински земјоделски производи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK