Овчо и јагнешко месо е висококвалитетна храна. Таа е извор на висококвалитетни протеини, витамини од Б комплексот и некои минерали. Има исклучителни диететски својства, лесно е сварлива и се користи во метаболизмот на организмот со 85-90% од внесената количина на месо.
Процентот на месо, сврзно и масното ткиво може многу да варира. Најквалитетно месо за човечка исхрана е во труповите на јагниња стари 3-6 месеци, каде што има најмногу месо и умерено масно ткиво. Месото кое има умерен процент на масти има подобар вкус и арома и има поголема хранлива вредност.
Хемискиот состав на месото зависи пред се од расата и видот, а потоа и од возраста, полот и гоењето на единката за колење. Овчото месо има 16-18% протеини и 18-25% масти. Во однос на процентот на протеини, овчото месо е значително подобро од свинското, а нешто послабо од говедското. Како што единките стареат, процентот на масното ткиво се зголемува, додека процентот на вода, мускулно и коскено ткиво се намалува. Најквалитетни во составот на овчо месо се протеините. Липидите, особено интрамускулните, се повеќе се ценат. Се разбира до одреден процент во содржината на трупот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK