Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Домашно топло чоколадо

    Рецепт: Домашно топло чоколадо

    petel baner

    Во зимските денови, топлото чоколадо за многумина е еден од омилените пијалоци. Освен што е примамливо и неодоливо вкусно, најголемата придобивка од овој пијалок е што ги смирува нервите, односно има антистрес дејство.

    Топлото чоколадо стимулира ослободување на хормонот ендрофин, кој е задолжен за подигнување на расположението. Затоа, не двоумете се и конзумирајте по една чаша секој ден.

    Можете да направите сами и тоа во понискокалорична и поздрава варијанта.

    Otkup na kompiri

    Состојки:

    200 мл. млеко

    150 гр. темно чоколадо

    200 мл. слатка павлака

    agrounik

    една мала лажица кафеав шеќер

    по желба додадете цимет, рум, мускатно оревче и сл.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Измешајте ги млекото и слатката павлака и ставете ги да се варат на тивок оган. Чоколадото исецкајте го на ситни парчиња. Кога ќе зовријат млекото и павлаката, ставете го сецканото чоколадо и шеќерот и мешајте се додека не добиете густа кремаста смеса. Ако ви се направат грутки, употребете миксер. Подготвеното топло чоколадо сипете го во чаши, декорирајте по желба и уживајте во неодоливиот вкус.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img