Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиНајниско производство на вино во последните 60 години

    Најниско производство на вино во последните 60 години

    petel baner

    Светското производството на вино годинава се очекува да падне на најниско ниво во последните 60 години.

    Во првичните проекции на Меѓународната организација за винова лоза и вино (ОИВ) го одреди светското производство на вино, без сокови и шира, помеѓу 241,7 милиони и 246,6 милиони хектолитри, со очекување во просек од 244,1 милиони хектолитри.

    Во соопштението за медиумите се посочува дека проценките се за седум отсто помали од лани и најмали од 1961 година. Кога проценката беше 214 милиони хектолитри. Волуменот на еден хектолитар е еднаков на количината од 133 стандардни шишиња вино.

    Otkup na kompiri

    Винарите во престижниот француски регион Бордо ќе преораат илјадници хектари лозови насади. Поради променливите навики на потрошувачите и глобалното затоплување што погоди еден од скапоцените камења на земјоделската индустрија во земјата.

    agrounik

    Од друга страна, јапонската компанија за производство на пиво Асахи пред неколку месеци предупреди дека климатските промени може да доведат до недостиг на пиво. Бидејќи потоплите температури влијаат на залихите на јачмен и хмељ низ светот.

    Според сценариото на ОН за глобално зголемување на температурата за четири степени Целзиусови, жетвата на јачмен во Франција би можела да се намали за 18 отсто до 2050 година. Додека жетвата во Полска би се намалила за 15 отсто. Квалитетот на хмељот, кој е клучна компонента за зачувување, како и вкусот на пивото. Би паднал за 25 отсто во Чешката Република, еден од најголемите светски производители на хмељ.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Според последните анализи на телото на ОН за следење на глобалните напори за ограничување на затоплувањето, светот се движи кон пораст на температурата до 2,6 степени Целзиусови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img