Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро ЗабаваСкопје и неговите кучиња

    Скопје и неговите кучиња

    petel baner

    Скопје и неговите кучиња – Градот Скопје е познат по својата култура, историја и различно население.

    Но, еден нов тренд со кој се соочува нашиот главен град е феноменот со чување број на домашни кучиња, како и бројот на кучиња скитници.

    Otkup na kompiri

    Со вкупно 33,553 регистрирани домашни миленици во градот Скопје, и само господ знае колкав број на нерегистрирани, јасно е дека ова е состојба која бара внимание и акција.

    БРОЈ НА РЕГИСТРИРАНИ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ

    Во последно време се разви и посебна индустрија која што се грижи за оваа растечка популација во градот Скопје.

    Така домашните миленичиња имаат свои доктори, фризери, шминкери и стилисти кои се грижат за нивната гардероба, воспитувачи – тренери, дури имаат и свои хотели и преноќишта, свои избори за најубави и највоспитани на кои што се доделуваат награди и признанија, имаат свои емисии, свои ток шоуа, имаат свои паркови, свои невладини здруженија и ….

    Во Скопје има повеќе домашни кучиња од тоа колку некои градови во Македонија имаат жители.

    Покрај домашните кучиња имаме и огромен број на улични кучиња кои се најчесто напуштени од поранешните сопственици или улични кучиња се размножуваат со домашните бидејќи повеќето улични кучиња се кастрирани.

    Како и да е имаме значајна бројка на кучиња во нашиот главен град Скопје.

    Присуството на кучиња домашни и улични – скитници значително ја зголемува веројатноста за случување на инциденти, како што се напаѓања на луѓе или други миленици, како и оштета на имот.

    Сведоци сме за се повеќе каснувања и напади кон жителите во градот а неодамна имаше и случај кој што заврши трагично со смрт на едно дете.

    За бројот на кучињата во Скопје најдобро ја престави една постара госпоѓа која изјави дека: Во Скопските паркови повеќе можете да слушнете лаење на кучиња од пеење на песна на птиците по дрвата.

    Измет од кучиња има на сите страни и што е најчудно најчесто најмногу измет има во детски паркови.

    Изгледа дека многу жители на Скопје се почесто децата ги заменија со кучиња.

    Се почесто можете да слушнете како некои му се обраќа накучето: дојди кај мама или ги бацуваат во уста или ги облакаат со јакни, капи, патичиња, панделки … изгледа ова е новото нормално.

    Ситуацијата со кучињата предизвикува страв и непријатности во главниот град Скопје, туку и резултира со значителни финансиски загуби, бидејќи градот треба да плаќа за оштетата на граѓаните кои се каснати од кучиња.

    Од луѓето што се грижат за хигиената во градот посебно по парковите велат дека порано проблем беше пластиката а сега тоа е изметот и урината на кучињата.

    Постојат и огромен број на жители во главниот град кои што живеат во згради и чуваат кучиња кои што постојано лаат и ги вознемируваат другите комшии. Сепак законот ги брани нив и никој не знае каде да се пожали бидејќи дојде такво време во Скопје кучињата имаат поголеми права од луѓето.

    Замислете човек да галами во зграда одма ќе го пријават и ќе му дојде полиција а ако галами куче сите мора да трпат.

    Сепак не се криви кучињата а состојбата во главниот град со кучињата е резултат на нивото на култура на нивните сопственици.

    Во Македонија има над 130 000 кучиња регистирани кучиња според надлежните органи.

    Бидејќи ова е значајна бројка предлагаме да ги ставиме и нив во уставот да имаат и право на глас и да имаат свои преставници во парламентот и владата.

    agrounik

    Кај ги храниме едните ќе ги храниме и другите.

    Сепак бројките покажуваат дека ова е серизона ситуација и потребно е секој од нас да биде информиран бидејќи сепак заедно живееме во овој убав град Скопје. Одговорното чување на нашите кучиња, нивната благосостојба спречувањето на нивното напуштање се важни чекори кои секој од нас може да ги направи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бидејќи гласот на тие што немаат кучиња не се слуша предлагаме на сопствениците и на љубителите на улични кучиња да продолжат само понатака па Скопјево преживело и поголеми катастрофи во своето постоење.

    Скопје и неговите кучиња

    Скопје е космополитски град и одсекогаш бил и секогаш со отворени раце ги пречекувал сите свои жители така да и кучињата се добредојдени.

    За тоа дека не измислуваме за бројот на кучињата во Скопје а и во Македонија притиснете ТУКА ЗА ДА СЕ УВЕРИТЕ.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img