Банкрот на мега свињарска фарма – Сопствениците на мега свињарска фарма со капацитет од 15.000 маторици, 60.000 животни за приплод и 360.000 свињи за колење годишно, лоцирана во Кина, мораа да поднесат барање за стечај .
Тоа требаше да биде авантура на најголемиот пазар на свинско месо во светот. Наместо тоа, заврши како скап кошмар
Загуба од 76 милиони евра
Данската компанија која стои зад оваа фарма XXL, Scandinavien Farm Invests, изгуби повеќе од 76 милиони евра за неколку години, како што објави еден од акционерите, Инвестицискиот фонд за земји во развој (IFU), пишува Nordyske .
Првите спасувачки обиди, за да се избегне банкрот, веќе беа преземени во декември 2023 година. Според данскиот весник, акционерите работеле до крај на реструктуирање и продажба.
Банкрот на мега свињарска фарма во Кина
Беше една од најефикасните фарми во земјата пред се да тргне наопаку. Имено, планот на инвеститорот се претвори во кошмар по тешката состојба на пазарот, вклучително и зголемување на цената на добиточната храна додека цената на месото паѓаше, па пандемијата на Ковид-19 за африканската свинска чума да го зададе последниот удар. Поради оваа болест, целото стадо морало да биде уништено
Компанијата е основана во 2012 година, а целта беше да се истражи кинескиот пазар на свинско месо, кој е најголем во светот.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK