Син јазик и во Данска прв пат после 15 години. Во овој период се сметаше дека оваа болест целосно е искоренета во западна европа но …
Две овци на фарма во јужен Травстед, во близина на границата со Германија, се позитивни на вирусот син јазик. Ова е првпат по петнаесет години болеста да биде откриена во Данска.
На крајот на минатата недела, кога беа известени данските ветеринарни служби поради сомневање за оваа болест, една од вкупно 180 овци веќе беше угината со јасни симптоми , додека другата покажа неодредени знаци на болеста.
Покрај овци, на фармата се одгледува и добиток, што, како што велат, дополнително ја зголемува загриженоста за ширење на вирусот.
Вирусот во моментов брзо се шири во северозападна Европа. Минатата недела за прв пат беше откриен во Франција, а бројот на заразени во Холандија и Белгија рапидно расте.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK