Во моментов пред владата сеуште трае протестот на тутунарите ,во очекување некој да ги прими на разговор за да се види како што велат тие, ” зошто владата се откажа од првичното ветување за подобра цена на откуп и дека тутунот од четврта класа едноставно нема да може да се откупува”.
Во моментов имаме откупување на неколку стотини пакети тутун кој е буквално единствено од трета и четврта класа, како да е тој тутун донесен за фрлање а не за продажба”, велат тутунарите.
“На откупувачите им е дозволено да вржат увоз на тутун од страна со што нашиот тутун останува”, вели еден од незадоволните тутунари.
Во моментов се очекува прием на тутунарите во владата, па ги очекуваме изјавите за евентуалните решенија кои ќе произлезат од средбата.