Бактериска дамкавост на листовите кај пиперката – Xanthomonas campestris pv. vesicatoria
Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни делови на растението.
На листовите се развиваат влажни маслени дамки со неправилен облик. Потоа дамките се зголемуваат и стануваат кафеави.
Листовите станувааат кожести, пожолтуваат, некрозираат и изумираат.
Слични промени настануваат и на стеблото, посебно на врвните делови. Кај плодовите од пиперка се јавуваат повеќе или помалку пликови, кои честопати пукаат, поцрнуваат и плодовите изгледаат како крастави. А ако пликовите не пукнат, остануваат испапчени црни рани.
Штетни последици прави со опаѓањето на листовите, што доведува до намалување на приносот. Патогенот најинтензивен развој има при температура од 300C. Се инактивира на температура од 560C.
Влажното и топло време го помагаат развојот и ширењето на патогенот.
Се одржува во заразено семе, се пренесува главно преку семето и заразен расад.
Основна мерка во заштитата на пиперката од Бактериска дамкавост на листовите кај пиперката – Xanthomonas campestris pv. vesicatoria е употреба на здраво семе за производство на расад, дезинфекција на семето, уништување на растителните остатоци.
Овие препарати се користат за сузбивање на оваа болест:
HAMP FORMULA 2FL
FUNGURAN-OH 50 WP
ACROBAT MZ WG
BAKAREN DITHANE
DITHANE NEOTEC
DITHANE NEOTECH
ELECTIS 75 WG
FANTIC M WG
GALBEN M
GALBEN M
GOLDFIX 80 WP
MANFIL 75 WG
MANFIL 80 WP
MANKOGAL 80
MANKOZEB 80 WP
MANKOZEB R
MANKOZEB R GOLD
MICEXANIL
PENNCOZEB WG
PRIMAT 80 WP
PROFILUX
RIDOMIL MZ 72-WP
RIDOSAN 72 WP
CABRIO TOP
ENERVIN
POLIRAM DF
ANTRACOL COMBI
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.