Фузариозно гниење на лукот – Fusarium oxysporum f.sp. cepae
Култура: лук, кромид.
Опис: Првите симптоми се жолтило при основата на стеблото.
Коренот кај болните растенија е обоен со црвеникава боја.
Се забележува гниење на долниот дел од луковицата, што се шири нагоре. Инфекциите настануваат преку рани или директно преку оштетеното ткиво.
Болеста се развива при високи температури (25 – 35°C) и умерена влажност на почвата.
За спречување се препорачува плодоред.
Дезинфекцијата на семето и арпаџикот пред садењето се врши со потопување во суспензиј од пропамокарб (Previcur 607 SL) + тиофанат – метил (Еновит) или беномил.
Дали сте се сретнале со оваа болест на лукот – Fusarium oxysporum f.sp. cepae?
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber .
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK