Фунгициди
-Бакар (Cu), во соединенијата како бакарен сулфат, бакарен оксид и бакарен хидроксид, се користи против габичните и бактериските болести кај растенијата. Во одредени ситуации може да биде фитотоксиче. Се среќава и во комбинации со други елементи и соединенија
-Сулфур (S), се користи против пепелницата и пајачињата, се третира на температура до 28 C и е корозивен.
-Сода бикарбона, против растителни болести.
-Бактерија Bacillus sp. се користи како биостимулатор и биофунгицид.
-Габа Trihoderma sp. се користи како биостимулатор и биофунгицид, а има и нематоцидно дејство.
-Екстракт од чајно дрво Melaleuca alternifolia, против сиво гниење, пепелница и пламеница кај растенијата.
Инсектициди
-Минерално масло, најчесто се користи за зимска заштита на овошките за уништување на презимните форми на штетниците.
-Вар и Калциум сулфат, се користат за контрола на пајци, крушкова болва како и за некои болести. Се третираат на температура до 28 С
-Пепел против полжави
-Масло од ним (неем дрво) – azadirahtin, е ефикасно против голем бој штетни инсекти, а има и одредено фунгицидно дејство.
-Масло од Карања, се користи против штетни инсекти.
-Етерични масла, комбинации од етерични масла кои се употребуваат како инсектициди.
-Метаболички призводи и од живи организми, се користат против трипс, пајак и листен минер.
-Бактерија Bacillus thuringiensis, се користи против инсектите во ларвените стадиуми.
-Ентомопатогени нематоди, се употребуваат против штетните инсекти.
-Грануловируси, се користат за сузбивање на гасениците на штетните инсекти.
Хербициди
Засега е регистриран еден тотален хербицид на база на висока концентрација на фосфор.
Ефективни микроорганизми
Природен производ кој е симбоза на живи култури на млечно-киселински бактерии, квасец, актиномицети и фотосинтетски бактерии. Го подобруваат квалитетот на почвата и имунитетот на растенијата.
Течни органски ѓубрива и биостимулатори
Концетрирана мешавина на вегетативни екстракти кои се комбинација на биолошки активни природни сосотојки како што се аминокиселини, витамини, ензими, хумински киселини, макро и микро елементи. Им помагаат на растенијата во најтесните фази на развојот, го балансираат метаболичкиот систем, го подобруваат процесот на фотосинтеза и отпорноста на растенијата.
– Македонско течно Микробиолошко Органско ѓубриво ОРГАЛАЈФ ,сертифицирано од ПроЦерт/ FiBL/ Demeter (македонски/германски/швајцарски/) органски сертификат и одобрено со решение од Агенцијата за храна и ветерина.
Цврсти органски ѓубрива
Шталско ѓубре од домашни животни одгледувани на екстензивен начин.
Цврсти ѓубрива во форма на пелети кои се преработени шталски ѓубрива од домашни животни и кои во својот состав имаат макро и микро елементи, хумусни киселини, микроорганизми. Ја подобруваат структурата, квалитетот и плодноста на почвата, ги подобруваат физичките, хемиските и биолошките карактеристики на почвата.
Биохумус, ѓубриво од калифорниски црви.
Компост добиен со разградување на био маса и други органски материјали.
Феромони
Соединенија кои се употребуваат за мониторинг и контрола на повеќе штетни инсекти најчесто во феромонски стапици.
Автор: Тодор Лонго
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.