Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, December 21, 2024

More
    домаАгро советиКако да одгледувате јагоди во пластична торба?

    Како да одгледувате јагоди во пластична торба?

    petel baner

    Кога мислиме на домашни јагоди, најлесниот и најевтиниот начин е да ги одгледувате во вреќите со кои одите на шопинг. Сè што ви треба се јагоди, земја и пластична кеса со кои одите на пазарот за време на викендите. Потребни ви се околу половина час за целиот процес, и на крајот добивате многу вкусно овошје за само неколку месеци. Еве како да одгледате јагоди во пластична торба.

    Ако никогаш не сте пробале свежо обрана јагода, исто е како никогаш да не сте пробале јагода. Едноставно, не можеме да го замислиме летото без овој деликатес. А, оние што самите ги одгледуваме се многу повкусни од оние што ги купуваме во самопослуга или супермаркет. Откако ќе ги вкусите домашните плодови од ова овошје, ќе се сетите зошто толку многу сакате јагоди.

    Otkup na kompiri

    За да одгледувате јагоди во пластична торба, ви требаат:

    1. Од 6 до 8 садници од ова овошје;
    2. Почва или мешавина од почва, компост и ѓубриво за садење;
    3. средство за прихранување на домати, бидејќи е богато со калиум и помага при раст на растенија во саксии;
    4. Пластична торба за купување и
    5. Маса или дрвена кутија на која ќе стои оваа необична саксија.

    Подготовка на пластичната торба и садење на јагодите

    Направете неколку дренажни дупки на дното на вашата торба со ножици. Направете две хоризонтални кројки долги 6 см од сите страни, а треба да направите вкупно 8 вакви резови. Постепено истурете ја почвата за садење во вреќата до првиот отвор. Како што додавате, така збивајте ја почвата за да добиете на цврстина.

    Кога ќе ја наполните торбата до првиот отвор,  засадете една жила. Повторете го процесот додека не засадите сè. Кога садите, проверете дали коренскиот систем е добро покриен со земја и не е надвор од вреќата. Оставете 5 см празни од горниот дел на торбата и последен пат збијте ја земјата.

    agrounik

    Поставете ја вреќата со растенијата на маса или во кутија така што да е оддалечена барем половина метар од земјата. Ова ќе спречи валкање на овошјето и оштетување од штетниците.

    Одгледување јагоди во пластична торба

    Редовно наводнувајте ги, но така што целата почва е подеднакво влажна. Ако имате проблем со навлажнување на земјата, можете да ја натопите торбата во контејнер со неколку сантиметри вода и да ја оставите така само неколку часа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Прихранувајте ги јагодите еднаш неделно следејќи ги упатствата. Кога треба да одлучите каде да ја поставите торбата, изберете место каде што јагодите ќе бидат изложени на сонце најмалку 6 до 8 часа. На секои неколку часа, треба да ја ротирате торбата за 180 степени, така што сите садници ќе добијат иста количина на светлина.

    По  појавата на првите цветови,  можете да ги очекувате плодовите за две недели. Кога сезоната ќе заврши и јагодите повеќе не даваат плодови, не ја фрлајте торбата. Чувајте ја на место што не се загрева и каде што нема мраз  за да не замрзнат јагодите и полевајте ги еднаш месечно. Извадете ја торбата на сонце следната пролет и јагодите повторно ќе дадат плод.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img