Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаситеКозјото сирење е добро за нашето здравје

    Козјото сирење е добро за нашето здравје

    petel baner

    Козјото сирење, со специфичен вкус и текстура, се здоби со репутација на едно од најздравите сирења што постои. Зошто е тоа така?

    Што содржи козјото сирење и зошто е здраво?

    Козјото сирење е многу богато со хранливи материи, а посиромашно е со маснотии во споредба со кравјото сирење. Содржи значителен дел од протеини, витамини и здрави масти, додека јаглехидратите се многу помалку застапени. Благодарение на овој состав, ова сирење има и лековити својства и се препорачува за лица со различни потреби и здравствени услови.

    Otkup na kompiri

    Содржи протеини кои лесно и брзо се апсорбираат во телото и директно ги снабдуваат мускулите со потребната енергија и аминокиселини, а овој вид сирење се препорачува за спортисти и луѓе кои често се изложени на голем физички напор. Одличен е за луѓе кои напорно тренираат и е совршено избалансирана храна за активни спортисти.

    agrounik

    Минерали

    Тое е многу богато со калциум и фосфор, поради што е важно и добро за здрави и цврсти коски. Според некои официјални истражувања, се покажа дека потрошувачката на козјо сирење може да спречи коскени заболувања како што се ревматоиден артритис и остеопороза. Овие минерали се многу важни за раст на коските и зајакнување на скелетниот систем. Нивното присуство е особено значајно во варијантите на тврдо сирење.

    Селен и низок холестерол 

    Младото козјо сирење е одлична храна за луѓето со проблематично ниво на холестерол, луѓе кои страдаат од дијабетес или срцеви проблеми. Содржи мала количина холестерол и мала количина на натриум, а богато е со селен. Селенот е многу важен антиоксиданс кој игра улога во процесот на претворање на масните наслаги во енергија и исто така е важен како елемент кој го намалува ризикот од некои срцеви заболувања, како и развој на рак. Козјото сирење има поголем процент на селен од кравјото сирење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    козјото сирење

    Корисни бактериски култури

    Друго интересно и лековито својство на козјото сирење е неговата способност да спречат развивање на венерични болести. Богато е со корисни бактерии, кои спречуваат инфекции и се добри за целокупното здравје. Тие поттикнуваат развој на други корисни бактерии кои постојат во човечкото тело и со тоа го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото полесно да се одбрани од споменатите и слични болести.

    Малку маснотии и малку калории

    Ова сирење е малку масно и малку калорично, во споредба со другите сирења. Затоа е вистинската храна за луѓето кои сакаат да ослабат и да се хранат здраво. Во споредба со кравјо, козјото содржи покорисни здрави заситени масти, а вкупно е помалку масно. Исто така, го забрзува метаболизмот и помага побрзо да согорувате маснотии. Иако честопати слушаме забелешки за тоа како сирењата многу дебелеат, козјо сирење е најдобриот избор ако се грижиме за телесната тежина, а исто така носи и други здравствени придобивки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img