Веле Солески од Бучин Крушево кој долго време живее во Шведска своите пензионерски денови одлучи да ги поминува во својата родна земја Македонија.
Веле прв ја развива идејата за одгледување на лешник во своето село, кој покрај ова култураа во ова село се одгледува и познатиот бучински кромид и други земјоделски култури.
Веле накратко ни раскажа како ја добил оваа желба за да одгледува лешник во своето родно место и што најмногу го инспирало да почни со овој бизнис.
Веле Солески од Бучин Крушево ни кажа дека првично кога се вратил во својата земја сакал да почне да се занимава со било каква работа а за да почни со производство на лешник единствена причина била положбата и неискористените ресурси каде живее и погоднага клима кое ја нуди неговото село.
Веле ни кажа дека моментално поседува 6 декари насаден лешник од различни сорти и дека размислува и на своите 72 години да го прошири производството.
Исто така Веле ни раскажа дека се обидува да најде сигурен пласман на лешникот а за почеток производот почнал да го нуди дури и во Шведска.
Тој ни посочи дека оваа година се соочува со проблем за кој во моментот бара решение за тоа што плодот се суши и листот паѓа од засега непознати причини а исто така преку овај пост бара помош и совет како да го реши овај проблем.
За на крај Веле ни испрати неколку фотогорафии во прилог за тоа како ги одгледува и третира лешниците во своето село Бучин.
Веле Солески од Бучин Крушево секоја ти чест домаќине.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.