Загрижени сте за квалитетот на средство за плакнење на устата што го купувате во маркетите или аптеките. Би сакале да си обезбедите природен третман за одржување на оралната хигиена – направете си сами.
Средство за плакнење на устата со мед
Состојки:
- 2 dl филтрирана вода
- 1 кафена лажичка квалитетен домашен мед
- 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон
- 2 капки есенцијално масло од нане
- 2 капки есенцијално масло од диво нане
- 1 капка масло од анасон
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во стаклено шише и добро протресете. Чувајте ја водата на темно и ладно место и добро протресете пред секоја употреба.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.