Младиот кромид е идеален пролетен зеленчук и содржи витамини А, К и Ц, додека минералите содржат многу фосфор, калиум и калциум.
Алтернативната медицина го смета младиот кромид за неверојатно вредна и здрава храна. Покрај тоа што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, има и антивоспалителни својства и делува против габи, стрес и замор. Овие здравствени проблеми брзо ги решава зелениот дел од младиот кромид.
Болки во грлото
Исечете страк зелен дел од млад кромид на парченца, додадете малку рендан ѓумбир и сол и ставете го во платнена кеса или крпа и загрејте го. Топлиот компрес завиткајте го во уште една крпа и ставете го на воспаленото место.
Потечени нозе
Варете го зелениот дел од кромидот неколку минути. Измиксирајте го во блендер (додадете малку вода доколку е потребно), додека смесата не се претвори во паста. Оваа паста нанесете ја на отечените делови на нозете.
За полесно да дишете
Нагмечете малку зелен дел од кромидот и со неговиот сок натопете парче памучна вата или две влошки. Нанесете таков влажен компрес на носот и областа на синусите. Ќе ја активира слузницата и ќе ги ослободи дишните патишта.
За поубава кожа
Му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.
Ги зајакнува коските
Витаминот Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц. И двата се важни за цврстината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.