Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиКуртовска капија - Семиња, одгледување, принос

    Куртовска капија – Семиња, одгледување, принос

    petel baner

    Куртовска капија е црвена, силна и компактна. Се карактеризира со висок раст и висечки плодови. Најупотребувана пиперка за ајвар.

    Плодот е долг со интензивна црвена боја при биолошка зрелост, голем и густ перикарп. Оваа пиперка е темно зелена по технолошка зрелост. Што се однесува до зреењето, пиперката куртовска капија припаѓа на доцните сорти. Многу е вкусна и родна. Ова е најдобрата пиперка за ајвар, а приносите се движат до 30 т/ха.

    Otkup na kompiri

    Сеидба

    Кога станува збор за Куртовска капија, сеидбата се врши кон крајот на март. За да никне брзо и правилно, потребна е топлина и влага во почвата. Од таа причина најдобро е да одгледувате куртовка во расадник каде што ќе ги обезбедите сите потребни услови.

    Користете сијалица за да ги загревате растенијата преку целиот ден и ноќ. Идеално, треба да никне за 10-15 дена. Кога треба да го посеете семето во расадникот, се препорачува 4 дена пред сеидбата да ставите семки од пиперка во млак чај од камилица и потоа да го посеете во плитки леи.

    Расадување

    Садниците од пиперката треба да се калат односно потребно е најмалку една недела да бидат изложени на природни услови (директна сончева светлина, студени ноќи, дожд, ветер итн.).

    Пресадувањето треба да се врши по дожд, во облачно време. Ако садниците се одгледуваат во контејнери, тие можат да се садат и на топло и на сончево време. За превентивни цели, растенијата треба да се испрскаат со бакар и системски инсектицид додека се уште се во леите. Обилно наводнување треба да се врши ден пред кубењето.

    agrounik

    Доколку расадување на пиперката се врши во заштитен простор, нема потреба од калење. Ископајте дупки за садење, полевајте ги и потоа засадете ги садниците во калта. По садењето, веднаш следи наводнување. Младите растенија треба да се третираат внимателно. Длабочината на садење е до првите листови на стеблото, а се прави на 50 × 25 cm по растение.

    Куртовска капија

    Одгледување и грижа

    По никнувањето на растенијата, пресадувањето се врши во средината на мај на добро оплодена почва, која е песоклива и растресита, со растојание од 50 × 25 cm. Се препорачува да се постават 2-3 садници заедно, бидејќи тие подобро напредуваат кога ќе се стават заедно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Приносите се очекуваат во август и септември. Пиперките бараат висока и постојана температура и влажност на почвата. Оптималната температура за никнење е 25-30 °C. Пиперките треба редовно да се полеваат.

    Како се користи за јадење

    Куртовска капија е најдобрата пиперка за ајвар. Прво се мие, па се цеди, па се пече, се лупи, се цеди и се меле, па се прелива со загреано масло и се пржи неколку часа. Ама вие тоа веќе си го знаете. 😊

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img