Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЦрна рибизла - исклучително здрава, но ВНИМАВАЈТЕ!

    Црна рибизла – исклучително здрава, но ВНИМАВАЈТЕ!

    petel baner

    Црна рибизла – има мали, сочни бобинки со пријатен кисело-сладок вкус и се многу здрави и лековити. Поволно делуваат на здравјето на коските, помагаат во борбата против ракот и неговата превенција. Колку ова овошје е корисно за нашиот организам, како треба да го консумираме и на што да се придржуваме?

    agrounik

    Црна рибизла (лат.  Ribes nigrum L. ) е многу здраво овошје. Неговиот плод има голема хранлива, терапевтска и технолошка вредност. Црната рибизла почнала да се одгледува ширум светот дури во средината на 14 век. Во Западна Европа се одгледувала како лековито растение. Ова не е чудно бидејќи составот на оваа бобинка е навистина импресивен, па содржи етерични масла кои и даваат карактеристична арома, витамини, салицилна киселина, танини, како и многу минерали. 

    Otkup na kompiri

    Црната рибизла спречува и лечи тешки инфекции, а пред се пневмонија. Плодовите и сокот од ова растение се многу корисни при бубрежни заболувања, грчеви и болки во органите за варење. Се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Чајот од црна рибизла поволно делува на функцијата на бубрезите и ги ублажува проблемите предизвикани од ревматизам и гихт. Плодот од рибизла и неговите производи помагаат во нормализирање и стабилизирање на крвниот притисок, а особено се препорачуваат за луѓе кои се склони кон анемија. Ова овошје поволно делува на здравјето на коските, помага во борбата против ракот и негова превенција и е еден вид природен мултивитамин и е многу корисен за зајакнување на имунитетот кај луѓето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Витамински состав

    Црните рибизли се богати со витамин Ц, па затоа 100 гр свежи бобинки содржат 69 отсто од препорачаната дневна доза. Тие се моќен антиоксиданс кој се бори, па дури и го укинува ефектот на слободните радикали во клетките на кожата. Содржат и завидни количини на витамини Б1, Б2 и Б6, ниацин, како и витамин Е. Рибизлите се добар извор на витамин К, кој го чува здравјето на коските.

    Бидете внимателни при конзумирањето

    Покрај придобивките за нашето тело, рибизлата може да предизвика и штета. Црната рибизла не се препорачува за употреба при тромбофлебитис. Високата содржина на витамин К во овошјето го зголемува згрутчувањето на крвта. Луѓето кои имаат гастритис и чир на желудникот не треба да јао конзумираат, како и оние кои се изложени на ризик од срцев или мозочен удар. Покрај тоа, трудниците и малите деца треба да бидат внимателни при конзумирањето бидејќи црна рибизла во некои случаеви може да предизвика алергиски реакции.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img