Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

25.8 C
Skopje
Tuesday, April 30, 2024

More
    домаАгро ВестиМорето продира во коритото на реката По

    Морето продира во коритото на реката По

    petel baner

    Направен е солен клин, бидејќи реката не може да се спротивстави на навлегувањето на морето. Свежата вода останува на површината, додека солената вода се движи по дното на коритото.

    Италија се соочува со најголемата суша во последните децении. И како тоа да не беше доволно, земјоделците во последните денови се соочуваат со уште еден голем проблем, а тоа е навлегувањето на морската вода длабоко во копното.

    Нивото на водата во реката По е многу ниско, а наводнувањето на земјоделските култури е невозможно. Поради ниското ниво и малиот проток на свежа речна вода, солената вода навлегува во длабочините на копното од Јадранското Море.

    „Ако нема дожд во следните десет до петнаесет дена, посевите ќе бидат уништени. Во моментов ја губиме жетвата оваа година. Колку подолго трае ситуацијата, толку е полош проблемот “, рече Џанкарло Мантовани , директор на организацијата Reclaiming the Po, кој се бори да ја заштити реката.

    Последици од временските неприлики

    Околу една третина од плодното земјиште паѓа на регионот низ кој тече По и кој страда од недостаток на врнежи. Во зима немаше доволно снег, а летните суши дојдоа прерано. Земјоделците се преплашени од последиците од катастрофалната суша и загубата на родот. Ситуацијата е многу критична, бидејќи нивото на водата падна толку многу што системот за нејзино подигање беше блокиран. Покрај недостигот во реката, езерата на север се исто така под или блиску до рекордно ниско ниво. Се намалува и нивото на природните акумулации во централниот дел на државата.

    Ова е најлошата суша во последните 70 години. Морето продира во По во должина од 30,6 км, што има разурнувачки ефект врз живиот свет и копното. Направен е солен клин, бидејќи реката не може да се спротивстави на навлегувањето на морето. Свежата вода останува на површината, додека солената вода се движи по дното на коритото. Поразителниот ефект веќе се чувствува кога се во прашање земјоделските култури, биодиверзитетот и хидроцентралите.

    Присуството на морската вода во реката го спречува наводнувањето на земјоделските култури.

    Големи штети во земјоделството

    Coldiretti, национална организација на фармери, наведува дека температурите над 40ºC и жешките ветрови ги намалуваат приносите на овошје и зеленчук за 15 проценти. Први на удар се црешите, лубениците, дињите, крушите, доматите и праските. Овој сектор обезбедува вработување за 440 илјади работници, што е 40 отсто од вкупниот број на вработени во земјоделството. Дваесет и пет проценти од вкупното производство обезбедува обрт од 15 милијарди евра годишно. Годинава штетите ќе бидат високи и ќе изнесуваат неколку милиони евра.

    Agrobot

    Постои голем страв од појава на бури и торнада кои можат за кратко време да го уништат целокупното дело. Штетите од град и невреме се искачија на три милијарди евра.

    Во последните шест месеци изгорени се над 9.000 хектари, што е шест пати повеќе отколку во 2020 година. Во 2021 година имало 659 големи пожари кои проголтале се пред себе.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Последиците од сушата ги трпат и животните, од пчели до говеда. За да ги заштитат пчелите и да ја спречат нивната смрт, многу пчелари прибегнаа кон вештачко наводнување. Поради високите температури овие инсекти не летаат, а им требаат големи количини вода за да се изладат во кошницата.

    Клима уредите се вклучени во фармите за несилки. Неопходни се вентилатори и тушеви за ладење на кравите, а едно животно може да испие до 140 литри вода во текот на денот . Производството на млеко во вакви услови е намалено и до 20 отсто.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img