Холандската влада прогласи недостиг на вода како резултат на невообичаено суво лето. Временските прогнози предвидуваат дека нема дожд во следните две недели.
Силните топлотни бранови зафатија големи делови од Европа и САД минатиот месец. Ова поттикна бран повици да се направи повеќе за да се ублажи глобалното затоплување. Научниците предупредуваат дека екстремната топлина ќе стане почеста и смртоносна.
Две третини од холандската популација живее под нивото на морето. Сушите и недостиг на вода можат брзо да станат акутен проблем во таа земја и да доведат до тиња во реките и да ја отежнат речната пловидба, пренесува SEEbiz.
Сушење на браните
Друг проблем е сушењето на браните. Нивото на водата на реката Рајна е исклучително ниско за овој период од годината во Лобит, град на исток каде што реката влегува во Холандија. Нивото на водата е малку подобро за реката Меус, која тече од Франција преку Белгија до Холандија.
Исто така и нивото на подземните води се пониски до многу ниски на југ, додава Министерството. Наведува дека тоа предизвикува појава на алги и изумирање на риби.
Сепак, оваа ситуација не влијаеше на водата за пиење. Водостопанските компании повикуваат на заштеда на водата, па во јужните провинции Зеланд и Лимбург апелираат до жителите да не користат питка вода за наводнување.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.