Факт е дека најздравиот и најефикасен начин за слабеење се промените во исхраната и физичката активност. Сепак, во тоа малку може да помогне здравиот и вкусен топол напиток, а тоа е чај од нане.
„Чајот од нане не содржи калории и има благ, сладок вкус што може да го намали апетитот и желбата за слатки“, тврди нутриционистката Кортни Д’Анџело.
Покрај тоа, содржи многу хранливи материи кои помагаат при слабеење. Нутриционистот потсетува дека – нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства.
Во случај на слабеење, ова антиинфламаторно дејство е особено важно, бидејќи тоа значи дека топлиот чај од нане го помага и варењето.
Овој чај помага и во опуштање на мускулите, што добро ќе влијае на движењето на храната и гасовите низ цревата, а со тоа и на празнењето на цревата.
Секако, тоа е многу здрав напиток кој ви помага да ослабете, но не треба да се гледа како на магично стапче кое ќе ви го одземе целиот вишок килограми за два дена.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.