Цвекло е извор на голема количина на витамини и минерали знчајни за човековото здравје.
Цвекло – двегодишно растениe, со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, и спаѓа во најкорисни и најлековити градинарски култури.
Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Богато е со витамини и минерали и може да се јаде без ограничувања.
Цвеклото изобилува со хранливи материи и ги содржи речиси сите минерални состојки, калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром и уште многу корисни состојки што го подобруваат здравјето.
Поседува значајни количества витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12, кој е редок во растителната храна, па е многу важно во исхраната на вегетаријанците. Присуство на антоцијани влијае при обновување на крвта и има антиканцерогено дејство.
Цвеклото има поволен ефект во случаи на деминерализацијата на коските и на зглобовите. Присутниот јод помага во борбата против артериосклероза и го забавува процесот на стареење.
Како најлековити состојки на цвеклото се сметаат бетанинот и бетаинот, бидејќи ја поттикнуваат размената на материите. Го регулираат крвниот притисок, го намалуваат лошиот холестерол, го одржуваат здравјето на крвните садови и ја стимулираат работата на црниот дроб.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.