За првпат во Кавадарци ќе се реализира Меѓународен натпревар во јадење лути пиперки насловен „Супер лут предизвик”.
Овој натпревар е во рамки на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Настанот што ќе се одржи во кавадаречка гостилница „Старо Маало“ во петок во 18.00 часот е насловен „Супер лут предизвик”.
Организаторот информира дека за сите натпреварувачи следуваат вредни награди, а главната награда за победникот е LCD телевизор. Неколку спонзори го поддржуваат овој натпревар.
Бројот на натпреварувачи е ограничен.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.