Салата со грав може да се сервира и како целосен оброк и како додаток на јадењата со месо. Еве предлог за вашата зимница.
Салата со грав
Состојки :
- 1 кг грав,
- 2,5 кг домати,
- 1 кг моркови,
- 1 кг пиперка,
- 1/2 кг кромид,
- 1 чаша шеќер,
- 3 лажици сол,
- 2 чаши растително масло,
- 1/2 чаша 9% оцет,
- 2 лажички мелен црн пипер.
Подготовка:
Гравот претходно потопете го во вода (подобро е да го оставите преку ноќ). Исцедете го и исплакнете пред да ја подготвите салатата. Измијте го и излупете го зеленчукот. Морковот изрендајте го на покрупно ренде, пиперката, доматот и кромидот исечкајте ги на коцки. Измешајте сè во тенџере, додадете шеќер, сол, бибер, масло и оцет. Промешајте и варете на тивок оган околу 2 часа, повремено мешајќи. Наредете ја топлата салата во стерилизирани тегли и чувајте ја на темно и ладно место.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.