домаАгро ВестиНамалено производство на познатите холандски лалиња

Намалено производство на познатите холандски лалиња

Prokredit baner

Кризата со гасот ги погоди и цветните пазари со познатите лалиња во Холандија.

Лалиња се купуваат помалку поради фактот што многу Холанѓани веќе почнаа да штедат за зимата.

Нивното производство значително се намали, бидејќи зимно време е потешко да се одгледуваат. Исто така, треба често да се загреваат, што би чинело големо количество на гас.

Семенарна хоризонтален банер

Со ограничувањето на испораката на гас од Русија како одговор на западните санкции поради инвазијата на Украина, европските цени се искачија на 20 пати повеќе од нивото од пред една година.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Холандската индустриска групација Гластуинбу вели дека до 40% од нејзините 3 илјади членови се во финансиска неволја. Тоа би можело да значи помалку овошје, зеленчук и цвеќиња надвор од сезоната во европските супермаркети. Така што, роизводството ќе се префрли во потоплите земји како Шпанија, Мароко и Кенија.

До неодамна, холандските оранжерии користеа околу три милијарди кубни метри гас годишно, или околу 8% од националниот вкупен износ. Тоа опаѓа бидејќи обновливите алтернативи станаа достапни, но обемот на падот оваа година е причина за вознемиреност колку и адаптација, велат одгледувачите.

Petel.mk

Според последните статистики во Холандија, потрошувачката на гас во индустријата паднала за 23% во годината до јуни.

Супермаркетите превентивно ги намалија нарачките за цвеќиња за околу една третина во очекување потрошувачите да трошат помалку поради штедењето.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img