Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаситеПет чаеви кои се најдобри за чистење на организмот

    Пет чаеви кои се најдобри за чистење на организмот

    petel baner

    Детокс чаевите поттикнуваат чистење на организмот, а често го забрзуваат метаболизмот и топењето на масните наслаги. Обично содржат диуретици кои го поттикнуваат исфрлањето на вишокот течности од телото. Можат да делуваат и како лаксатив, па дефинитивно ќе ви помогнат да се чувствувате поенергично и полесни.

    Тие се многу ефикасни и популарни во сите програми за детоксикација со причина. Но имајте на ум дека пиењето чај само по себе нема да ги даде посакуваните резултати. Барем не до степенот што го очекувате.

    Otkup na kompiri

    Покрај конзумирањето чаеви за детоксикација, сепак ќе мора да внимавате на исхраната и да избегнувате храна која му штети на организмот и редовно да практикувате некоја физичка активност која многу ќе ве поти и на тој начин ќе придонесе за чистење на организмот.

    Ако одлучите да посегнете по чаеви за да го забрзате процесот на чистење на организмот, еве неколку чаеви за детоксикација кои ги предлагаат нутриционистите.

    Чај од глуварче

    Мокрењето е еден од начините за исфрлање на токсините од телото, а коренот на глуварчето има диуретично дејство. Чајот од корен од глуварче е одлична помош за чистење на бубрезите и црниот дроб. Исушете го и исечкајте го коренот (можете да го купите веќе сушен и исечкан во билни аптеки), ставете 3-5 гр во топла вода и варете 10 минути и процедете. Можете да го пиете три пати на ден, а најдобро е да го пиете половина час пред јадење.

    agrounik

    Ѓумбир и куркума

    Својата репутација на здравствен еликсир куркумата му ја должи на куркуминот. Тоа е активна супстанција која ја стимулира работата на ензимите кои го стимулираат излачувањето на токсините и содржи антиоксиданси кои ги регенерираат клетките на црниот дроб. Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за чистење на организмот. Пиењето чај направен од овие две состојки навечер пред спиење ќе помогне да се исчисти телото од токсини. Во литар врела вода додадете го ѓумбирот исечкан на парчиња (парче од околу 5 см) и варете 5 минути, а потоа додадете 1/2 лажичка куркума во прав и варете уште 2-3 минути. Оставете 10 минути, процедете, зачинете со сок од еден лимон и мед по желба и потпивнувајте си во текот на денот.

    Чај од анасон

    Овој чај се користи за подобрување на дигестивните функции и ублажување на запек, бидејќи ги релаксира мускулите на дигестивниот систем. На овој начин, чајот од анасон го чисти телото и помага за побрзо исфрлање на токсините од телото. Семето од анасон сомелете го, истурете 1 лажица врела вода, оставете 5 минути и процедете. Истата постапка се користи и ако користите чај од анасон на големо. Пијте по една шолја 2 до 3 пати на ден, по можност после јадење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Магарешки трн

    Со векови се користи, меѓу другото, за заштита и подобрување на функцијата на црниот дроб. Една до две лажички листови прелијте ги со 2 дл зовриена вода, оставете покриено 15 минути, измешајте и процедете. Пијте 1 чаша 3 пати на ден.

    Чај од магдонос

    Магдоносот го поттикнува излачувањето на водата од телото, а во исто време ги храни бубрезите и другите органи задолжени за чистење на телото. 250 лажички сушен или една лажица свеж магдонос прелијте со 250 мл зовриена вода, покријте го и оставете да отстои 15 минути, па процедете и пијтѕе додека е уште топол чајот. За подобар вкус, можете да додадете малку лимон или мед. Пијте 2 до 4 шолји дневно, а по три недели направете пауза од еден месец за да му помогнете на телото да се опорави од диуретичниот ефект.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img